Соопштенија

Вторник, 16 септември 2014 година

Учество на Конференција посветена на Инструментот за претпристапна помош од ЕУ

Заменик-претседателот на Комисијата за европски прашања, Нора Алити и членот на комисијата, Нола Исмајлоска од 16 до 18 септември учествуваат на конференција, која се одржува на Јахорина, Босна и Херцеговина.

Конференцијата е посветена на Инструментот за претпристапна помош од Европската унија за периодот 2014-2020 година (ИПА 2) и на неа учествуваат претседателите и членовите на Комисиите за европски прашања од регионот.

Исто така, на конференцијата ќе се дискутира и за можностите за развивање на регионалната соработка во рамките на КОСАП конференциите.

Click