Соопштенија

Понеделник, 23 март 2015 година

Учество на парламентарен семинар на тема „Развивање на политичката култура и унапредување на политичкиот дијалог кон одржлива демократија“

Денеска во Брисел ќе започне дводневниот парламентарен семинар, на тема „Развивање на политичката култура и унапредување на политичкиот дијалог кон одржлива демократија“. 

Семинарот го организира Директоратот за демократска поддршка во соработка со Комитетот за уставни прашања и Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, а е наменет за парламентите од Западен Балкан и Турција.

Меѓу говорниците на настанот се издвојуваат европратениците, Данута Хубнер, претседател на Комитетот за уставни прашања, Алјож Петерле, копретседател на Мешовитиот парламентарен комитет РМ-ЕУ, Елмар Брок, претседател на Комитетот за надворешни работи, Иво Вајгл, известител за Република Македонија во Комитетот за надворешни работи, Едуард  Кукан, член на Работната група за Западен Балкан на Комитетот за надворешни работи, како и генерален секретар на Европскиот парламент, Клаус Веле.

Од Република Македонија, на семинарот ќе учествуваат потпретседателот на Собранието, Антонијо Милошоски, пратениците Талат Џафери, Имер Алиу, Љубица Буралиева, како и Радмила Шекеринска, Лидија Димова и Љубомир Јосифовски. Делегацијата на Собранието ја придружува генералниот секретар, Жарко Денковски.

Click