Соопштенија

Понеделник, 8 февруари 2016 година

Учество на пратеникот Шпреса Хадри на КОСАК

Во организација на Холандското претседателство со Европската унија , во Хаг, Кралство Холандија од 7 февруари до 9 февруари 2016 година ќе се одржи состанок на претседателите на Комисиите за европски прашања на земјите-членки на Унијата и на земјите-кандидати за членство во Унијата. 

На овој состанок ќе учествува г-ѓа Шпреса Хадри, член на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија.

Во рамките на програмата на состанокот, предвидено е да се разгледуваат Програмата и приоритетите на Холандското претседателство, а ќе стане збор и за начинот на соработка и размена на информации меѓу Комисиите за европски прашања на националните парламенти.

Click