Соопштенија

Четврток, 19 февруари 2015 година

Учество на регионална конференција на тема „Улогата на парламентите во буџетскиот и финансискиот надзор“ во Тирана

Делегација на Собранието на Република Македонија, во состав: г. Ѓорѓи Коџабашиев, член на Комисијата за финансирање и буџет, г-ѓа Каљтрина Азизи, член на Комисијата за финансирање и буџет и г. Драган Цуклев, член на Комисијата за економски прашања на 21 и 22 февруари 2015 година ќе престојува во Тирана, Република Албанија.  

Во состав на Делегацијата како членови на Бордот на Мрежата на парламентарните комисии за финансирање и буџет, економски прашања и европски прашања на земјите од Западен Балкан ќе присуствуваат и заменикот на претседателот на Комисијата за економски прашања, г-ѓа Владанка Авировиќ и заменикот на претседателот на Комисијата за европски прашања, г-ѓа Нора Алити. 

За време на посетата, Делегацијата ќе учествува на регионална Kонференција на тема „Улогата на парламентите во буџетскиот и финансискиот надзор“ организизирана од Вестминстер фондацијата за демократија. На конференцијата ќе учествуваат пратеници од парламентите на земјите од Западен Балкан.

Click