Соопштенија

Вторник, 9 декември 2014 година

Учество во работата на Мониторинг комисијата и Комисијата за правни прашања и човекови права во Париз

Шефот на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, г. Алексадар Николоски, од 10 до 12 декември во Париз ќе учествува во работата на Мониторинг комисијата и Комисијата за правни прашања и човекови права. 

На Мониторинг комисијата, г. Николоски ќе учествува  во функција на потпретседател што претставува потврда за неговиот досегашен активен ангажман. На состанокот  е предвидено да се расправа за исполнувањето на обврските преземени при членство во организацијата од страна на Црна Гора, настаните во Украина,  постмониторинг дијалогот со Монако, а ќе се разгледува и актуелната состојба во Србија, Грузија, Босна и Херцеговина и Молдавија. 

На маргините на состанокот, г. Николоски ќе ги информира членовите на Мониторинг комисијата за актуелната состојба во Република Македонија и за активностите на Собранието и на Владата. 

Пратеникот Николоски ќе учествува и во работата на Комисијата за правни прашања и човекови права во чии рамки ќе се одржат и неколку тематски расправи, како ефикасноста на Европската конвенција за човекови права, заканите за владеењето на правото во земјите-членки на Советот на Европа, а предвидено е да има и размена на мислења со членови на граѓанското општество на тема предизвиците за човековите права во Европа. 

Click