Делегации

Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација 

 

Е-пошта: jpc@sobranie.mk

Цели и задачи 
Деловник 

Претходни состаноци (1995-2004) 
Прв состанок (30 и 31 март 2005 година, Скопје, Република Македонија) 
Втор состанок (5 и 6 декември 2005 година, Брисел, Кралството Белгија) 
Трет состанок (29 и 30 јануари 2007 година, Скопје, Република Македонија) 
Четврт состанок (26 и 27 ноември 2007 година, Брисел, Кралството Белгија) 
Петти состанок (27 и 28 ноември 2008 година, Скопје, Република Македонија) 
Шести состанок (31 март 2009 година, Брисел, Кралството Белгија)
Седми состанок (18-19 февруари 2010 година, Скопје, Република Македонија)
Осми состанок (29 и 30 ноември 2010 година, Брисел, Кралство Белгија)
Деветти состанок (3-4 ноември 2011 година, Скопје, Република Македонија)
Десетти состанок (7 јуни 2012 година, Брисел, Кралство Белгија)
Единаесетти состанок (22-23 мај 2013 година, Стразбур, Француска Република)
Дванаесетти состанок (26-27 ноември 2014 година, Стразбур, Француска Република) 
Тринаесетти состанок (3-4 декември 2015 година, Скопје, Република Македонија) 
Четиринаесетти состанок (7-8 февруари 2018 година, Стразбур, Француска Република) 
Петнаесетти состанок (19-20 септември 2018 година, Скопје, Република Македонија) 
Шеснаесетти состанок (27-28 март 2019 година, Стразбур, Француската Република) 
Седумнаесетти состанок (18-19 декември 2019 година, Стразбур, Француската Република) 

Новости

Останати активности

                                   

 

Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европската унија (ЕУ) е формиран врз основа на Резолуцијата на Европскиот парламент од 10 март 2004 година, како и одлуката на Собранието на Република Македонија од 7 декември 2004 година за основање Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација и врз основа на Договорот за стабилизација и асоцијација на Република Македонија (особено членот 114). Формирањето на Мешовитиот парламентарен комитет (МПК) е одраз на цврстата определба на нашата земја за полноправно членство во ЕУ, како и на заложбите на Собранието на Република Македонија, преку парламентарен дијалог, да придонесе кон процесот на евроинтеграција и достигнување на европските стандарди. Во основа, МПК претставува форум каде што членовите на Собранието на Република Македонија и Европскиот парламент ќе разменуваат искуства, мислења и ставови за зајакнување на меѓусебното партнерство. Комитетот, како билатерално тело со кое Република Македонија се одвојува од другите земји на т.н. Западен балкан, претставува формално и ефикасно зајакнување и издигнување на повисоко ниво на односите и соработката на Собранието на Република Македонија и Европскиот парламент. Основна цел на МПК е разгледување на сите аспекти на односите меѓу Република Македонија и ЕУ, особено имплементацијата на Договорот за стабилизација и асоцијација. По предлог на Бирото на Мешовитиот парламентарен комитет можат да се даваат препораки до Европскиот парламент, до Собранието и Владата на Република Македонија, до Советот на Европската унија и до Европската комисија. МПК се сотанува два пати годишно - еднаш во Собранието на Република Македонија и еднаш во Европскиот парламент. Седниците на Мешовитиот парламентарен комитет завршуваат со усвојување на Завршна изјава која, пак, всушност е документ во кој се содржани заедничките ставови за одредени актуелни прашања.

 

Претседател:   СОЊА МИРАКОВСКА
Потпретседатели:   АНТОНИЈО МИЛОШОСКИ
 АРТАН ГРУБИ
Членови:   БЕТИАН КИТЕВ  
 ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА
 ЖАКЛИНА ЛАЗАРЕВСКА
 ДИМЕ ВЕЛКОВСКИ
 НИКОЛА ПОПОСКИ
 ЛИЛЈАНА ЗАТУРОСКА
 ВЛАДИМИР ЃОРЧЕВ
 ЗОРАН ИЛИОСКИ
 ШПРЕСА ХАДРИ 
 РЕЏЕП МЕМЕДИ
Заменик-членови:   РИСТЕ ТАШЕВ
 МИЛЕВА ЃОРГИЕВА
 ИВАНА ТУФЕГЏИЌ
 МЕРАЛ УЗЕИРИ-ФЕРАТИ
 ПАНЧО МИНОВ
 ИВАН СТОИЛКОВИЌ 
 ТРАЈЧО ДИМКОВ 
 ЗЕЌИР РАМЧИЛОВИЌ 
 ЏЕВАТ АДЕМИ 
 ТЕУТА БИЉАЛИ
Click