Петок, 26 октомври 2018 година
„Сахаров“ за украинскиот филмски режисер Олег Сенцов
Украинскиот филмски режисер Олег Сенцов е годинешниот добитник на наградата „Сахаров“ на Европскиот парламент за слобода на мислата.
Тој е осуден на 20 години затвор за заговор за терористички дејства против руското „де факто“ правило во Крим. Сенцов, кој штрајкувал со глад од средината на мај до почетокот на октомври, е симбол на околу 70 украински државјани кои се уапсени и добиле затворски казни од страна на руските сили на полуостровот Крим.
„Преку неговата храброст и решителност, ставајќи го својот живот во опасност, Олег Сенцов стана симбол на борбата за ослободување на политичките затвореници во Русија и во целиот свет. Доделувајќи му ја наградата Сахаров, Европскиот парламент ја изразува својата солидарност со него и со неговата кауза. Бараме веднаш да биде ослободен. Неговата борба нè потсетува дека нашата должност е да ги браниме човековите права насекаде во светот и во сите околности“, истакна претседателот на парламентот, Антонио Тајани, при објавувањето на овогодишниот лауреат.
Наградата, која се состои од сертификат и 50.000 евра, ќе биде доделена за време на церемонијата во Парламентот во Стразбур на 12 декември.
Оваа награда, во чест на советскиот физичар и политички дисидент Андреј Сахаров, се доделува од 1988 година на поединци и организации кои ги бранат човековите права и слободи.