Вторник, 25 септември 2018 година
Седумдесет и трето Генерално собрание на ОН
Денеска започнува 73. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, на чие отворање ќе присуствуваат челниците на Европската Унија: претседателот Жан-Клод Јункер; првиот потпретседател Франс Тимерманс, високата претставничка, потпретседателката Федерика Могерини, како и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск.
Европската Унија ќе биде домаќин на голем број настани на маргините на Самитот, како средби, панели, дебати на високо ниво и сл.
На агендата се предвидени обраќања на светски лидери и теми како глобалните предизвици, безбедносните системи, стабилноста, кризите на Блискиот Исток, насилството, нуклеарните договори, миграцијата, човековите права, глобалната соработка, здравството, образованието, невработеноста, трговијата и др.