Средба на претседателот Џафери со новоименуваниот амбасадор...

Понеделник, 29 октомври 2018 година

Средба на претседателот Џафери со новоименуваниот амбасадор на Република Полска во Република Македонија, Н.Е. Бојциех Тицињски

Претседателот Џафери, изрази уверување дека и во текот на неговиот мандат ќе продолжи плодната соработка исто како и со неговиот претходник, во правец на зацврстување на парламентарните и севкупните односи меѓу двете земји.
Прочитај повеќе

Проштална средба на претседателот Џафери со амбасадорката н...

Петок, 26 октомври 2018 година

Проштална средба на претседателот Џафери со амбасадорката на БиХ во Република Македонија, Н.Е. Лепа Бабиќ

На почетокот на средбата, претседателот Џафери изрази задоволство од досегашната успешна билатерална соработка и се заблагодари на амбасадорката за ангажманот во текот на нејзиниот мандат за зајакнување на пријателските односи меѓу двете земји.
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со принцот Карел Шварценберг...

Вторник, 23 октомври 2018 година, Прага

Средба на претседателот Џафери со принцот Карел Шварценберг, заменик-претседател на Комисијата за надворешни работи     

Во рамките на официјалната посета на Чешката Република, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, оствари заедничка средба со принцот Карел Шварценберг, заменик-претседател на Комисијата за надворешна политика. На средбата присуствуваше и Јан Липавски, заменик-претседател на Комисијата за одбрана во Домот на пратеници во Парламентот на Чешката Република и пратеници членови на Комисијата.  

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Радек Вондрачек, спикер н...

Понеделник, 22 октомври 2018 година, Прага  

Средба на претседателот Џафери со Радек Вондрачек, спикер на Домот на пратеници во Парламентот на Чешката Република

Во рамките на официјалната посета на Чешката Република, претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, оствари средба со својот колега и домаќин, Радек Вондрачек, спикер на Домот на пратеници во Парламентот на Чешката Република. 

Претседателот Вондрачек го изрази своето задоволство од денешната средба и упати честитки до претседателот Џафери за успешното гласање во Собранието за пристапување кон уставни измени. Изрази надеж дека и во подоцнежните фази ќе се постигне единство и заедничка поддршка. 
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со чешкиот премиер Бабиш...

Понеделник, 22 октомври 2018 година, Прага

Средба на претседателот Џафери со чешкиот премиер Бабиш

Во рамките на официјалната посета на Чешката Република, претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери оствари средба со  Андреј Бабиш, премиер на Чешката Република. 

Премиерот Бабиш истакна дека билатералните односи меѓу Чешката Реублика и Република Македонија се одлични, без отворени прашања и одвиваат во интензивна комуникација. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со членовите на Работната гр...

Четврток, 18 октомври 2018 година

Средба на претседателот Џафери со членовите на Работната група одговорна за односите на ЕУ со земјите од Западен Балкан - Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Македонија и Косово

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, заедно со потпретседателите г-ѓа Фросина Ташевска Ременски, г. Весел Мемеди и г. Горан Мисовски, координаторите на пратеничките групи г. Томислав Тунтев, г. Драган Данев, г. Агим Шаќири, г. Африм Гаши и г-ѓа Теута Биљали, како и генералниот секретар на Собранието, г-ѓа Цветанка Иванова, остварија средба со членовите на Работната група одговорна за односите на Европската унија со земјите од Западен Балкан, Република Албанија, Босна и Херцеговина, Република Македонија и Косово. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со членовите на Федерацијата...

Вторник, 16 октомври 2018 година

Средба на претседателот Џафери со членовите на Федерацијата за светски мир и љубов (FOWPAL)

Денес претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери оствари средба со делегација на Федерацијата за светски мир и љубов (FOWPAL) предводена од проф. д-р Ши Хо Хонг. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со г. Кадри Весели...

Четврток, 27 септември 2018 година

Средба на претседателот Џафери со г. Кадри Весели

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска се сретна со г. Кадри Весели, претседател на Собранието на Република Косово, кој престојува во еднодневна официјална посета на Република Македонија. 

Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО НОВОИМЕНУВАНИОТ АМБАСАДОР...

Среда, 26 септември 2018 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО НОВОИМЕНУВАНИОТ АМБАСАДОР НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, Н.Е. СЕРГЕЈ БАЗДНИКИН 

Претседателот Џафери му посака на новоименуваниот амбасадор Баздникин успех во извршувањето на оваа одговорна функција. Тој нагласи дека стратешки приоритет на Република Македонија со одлука на граѓаните се евроатлантските интеграции на земјата, но големо значење се придава и на унапредувањето на билатералните односи со Руската Федерација, а особено на парламентарната и економската соработка.
Прочитај повеќе

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВНИО...

Вторник, 25 септември 2018 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВНИОТ ЗБОР НА РЕПУБЛИКА СЛОВЕНИЈА, ДЕЈАН ЖИДАН

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со Делегација од Република Словенија, предводена од претседателот на Државниот збор, г. Дејан Жидан, кој престојува во работна посета на Република Македонија. На средбата присуствуваа и претседателот и пратениците од Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Словенија, г-ѓа Нада Ципушева, г-ѓа Фросина Ташевска Ременски, како и претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Артан Груби. 

Прочитај повеќе
1...202122...40                                         
Click