Средба на претседателот Џафери со директорот на Комисијата ...

Петок, 5 јули 2019 година

Средба на претседателот Џафери со директорот на Комисијата за социјални развојни работи на Секинескиот народен конгрес, г. Хе Јитинг 

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, придружуван од генералниот секретар г-ѓа Цветанка Иванова, оствари средба со директорот на Комисијата за социјални развојни работи на Секинескиот народен конгрес, г. Хе Јитинг, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со г. Антонио Мисироли, заме...

Вторник, 2 јули 2019 година

Средба на претседателот Џафери со г. Антонио Мисироли, заменик-генерален секретар на НАТО за нови безбедносни предизвици

Претседателот на Собранието, г. Џафери, на почетокот на средбата изрази голема благодарност за поддршката што НАТО Алијансата ја дава на Република Северна Македонија. Во овој маратонски процес низ 18-годишни планови за членство, сега земјата поминува уште еден маратон во процесот на ратификацијата на Пристапниот протокол од страна на земјите членки. Досега, за 4 месеци е ратификуван од 18 парламенти, и со оваа динамика се очекува финализацијата на процесот за полноправно членство во НАТО да заврши до крајот на оваа година.
Прочитај повеќе

РАБОТНА ПОСЕТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ВО УНГАРИЈА ...

Вторник, 25 јуни 2019 година

РАБОТНА ПОСЕТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ВО УНГАРИЈА

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, на покана на претседателот на Националното собрание на Унгарија, г. Ласло Ковер, денеска присуствуваше на чинот на ратификација на Протоколот за пристапување на Република Северна Македонија во НАТО од страна на Националното собрание на Унгарија.

Прочитај повеќе

Втор Жан Моне дијалог за мир и демократија во Собрание...

Понеделник, 24 јуни 2019 година

Втор Жан Моне дијалог за мир и демократија во Собрание

На 22 и 23 јуни 2019 година, во Собранието на Република Северна Македонија се одржа Вториот Жан Моне Дијалог за мир и демократија, којшто е инструмент развиен од Европскиот парламент како алатка на меката моќ во областа на парламентарната медијација и дијалог започнат во историскиот дом на Жан Моне. 

Прочитај повеќе

СРЕДБИ НА ПРЕТЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ВО КИНА...

Понеделник, 24 јуни 2019 година

СРЕДБИ НА ПРЕТЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ВО КИНА

Официјалната посета на Народна Република Кина на Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија предводена од претседателот Џафери беше заокружена со посета на градот Баотинг во провинцијата Хебеј. 

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со претставници од Проектот ...

Понеделник, 24 јуни 2019 година

Средба на претседателот Џафери со претставници од Проектот за парламентарна пракса, Исток - Запад

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија оствари средба со директорката на Проектот за парламентарна пракса Исток-Запад, Џил Адлер проектниот менаџер, Елена Саботина и Зоран Шапуриќ, министер без ресор задолжен за регулатива за подобрување на инвестициската клима за домашните претпријатија во Владата на Република Северна Македонија. 

Прочитај повеќе

Билатералната соработка дава добри резултати...

Четврток, 20 јуни 2019 година

Билатералната соработка дава добри резултати

Покрај потврда за добрите билатерални односи, посетата според Џафери овозможи посета на Шангај и одблиску запознавање со неговиот развој во светски финансиски центар и еден од моторите на кинеската економија, а при разговорот, како и со сите други државни претставници претходно, се фокусираа на сите аспекти на билатералните односи и можностите за унапредување на соработката во сите полиња од заеднички интерес. 
Прочитај повеќе

Џафери во Кина: Акцент на економската соработка...

Среда, 19 јуни 2019 година

Џафери во Кина: Акцент на економската соработка

На средбата со потпретседателот на Националниот комитет на Народната политичка консултативна конференција г. Џанг Чингли, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија г. Талат Џафери кој ја предводи собраниската делегација во официјална посета на Народна Република Кина, истакна дека минатогодишната посета на г. Џанг на Република Северна Македонија и оваа возвратна посета го покажуваат заедничкиот интерес за натамошно унапредување на односите и продлабочување на соработката.

Прочитај повеќе

ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА СИЛЕН ПРИДОНЕС ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОДНОС...

Вторник, 18 јуни 2019 година

ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА СИЛЕН ПРИДОНЕС ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА ОДНОСИТЕ, ОЦЕНИ ЛИ ЏАНГШУ

Во текот на официјалната посета на Народна Република Кина, претседателот Џафери, придружуван од потпретседателот Горан Мисовски, координаторите на СДСМ Јован Митрески, на ДУИ Ејуп Алими, на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, претседателката на Пратеничката група за соработка со Народна Република Кина, Владанка Авировиќ и генералниот секретар на Собранието на Република Северна Македонија, Цветанка Иванова, во Пекинг се сретнаа со претседателот на Секинеското Народно Собрание Ли Џангшу.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со Јунху, претседател на Шан...

Понеделник, 17 јуни 2019 година

Средба на претседателот Џафери со Јунху, претседател на Шангајскиот комитет на Кинескиот народен политички консултативен совет

Претседателот Џафери изрази задоволство што односите меѓу Република Северна Македонија и Народна Република Кина се развиваат во духот на пријателството, меѓусебното разбирање и заемното почитување а фактот што официјалната посета на НР Кина започнува во Шангај, го оцени како своевидно охрабрување за продлабочување на економската соработка меѓу Република Северна Македонија и Народна Република Кина. 
Прочитај повеќе
1...8910...40                                         
Click