Собраниско раководство

Петок, 15 септември 2017 година

Изјава за медиуми на претседателот Џафери по повод потпишување на Меморандум за соработка

Почитувани претставници на медиумите, 
Почитувани граѓани,

Ми претставува особено задоволство да ве информирам дека денеска Собранието на Република Македонија го потпиша Меморандумот за разбирање со Вестминстер Фондацијата за демократија и Министерството за надворешни работи и Комонвелт на Британија, со што ја обновуваме и продолжуваме соработката со Обединетото Кралство и Вестминстер Фондацијата за демократија.

Потпишувањето на овој Меморандум е уште една потврда за јасно изразената заложба за зголемување на динамиката во натамошниот развој на демократијата, владеењето на правото и над сè јакнење на функцијата, улогата, но и одговорноста на Собранието како законодавен дом чиј состав е директно избран од граѓаните.  

Партнерството со Вестминстер Фондацијата за демократија е во насока на реализирање на програмата „Поддршка на парламентарните реформи во Македонија“, а програмата ќе биде финансирана од Британската амбасада во Скопје и ќе трае најмалку до 31 март 2018 година.

Спроведувањето на оваа програма ќе го следи Управувачки одбор во состав: претседател на Собранието, генерален секретар на Собранието и претставници од Вестминстер Фондацијата за демократија и Британската амбасада, со што се нагласува помошта не само за пратениците, туку и помошта на службата за полесно да одговори на предизвиците со кои што се соочува во секојдневното работење, особено во сферите на стратешко планирање, финансиски надзор, буџетирање, но и отвореност и транспарентност во работата на Собранието како институција. 

Click