Обраќање на претседателот Џафери по повод промоцијата на кн...

Вторник, 10 март 2020

Обраќање на претседателот Џафери по повод промоцијата на книгата „Базичното антисемитско законодавство на Царството Бугарија“

Задоволство ми е што сум во можност да во својство на претседател на Собранието на Република Северна Македонија и од име на Собранието се обратам пред вас и со кратко поздравно обраќање ја изразам мојата почит кон оваа публикација, односно збирката документи собрани под еден наслов „Базичното антисемитско законодавство на Царството Бугарија“, од почитуваните автори Скендер Асани, Нора Малиќи и Владо Поповски.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери по повод Меѓународниот ден...

Четврток, 20 февруари 2020

Обраќање на претседателот Џафери по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик на Меѓународната научна конференција, организирана од Агенцијата за примена на јазикот

Имам чест денес да се обратам на оваа Меѓународна научна конференција организирана од Агенцијата за примена на јазикот, по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, и да изразам задоволство што можам во мое лично име и од име на Собранието на Република Северна Македонија да ја поздравам динамиката и енергијата со која Агенцијата, нејзиното раководство и целата служба пристапиле на оваа одговорна задача и доверба што им е дадена. 
Прочитај повеќе

ИЗЈАВА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА ПО ПОВОД РАСПИШУВАЊЕТО НА ПРЕ...

Понеделник, 17 февруари 2020

ИЗЈАВА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА ПО ПОВОД РАСПИШУВАЊЕТО НА ПРЕДВРЕМЕНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

Ве поканив тука за да ве информирам вас, а преку вас и граѓаните на Република Северна Македонија, дека по изгласувањето на одлуката за распуштање на Собранието на 137. седница, синоќа, врз основа на мојата уставна надлежност од Член 67, став (4), каде стои дека Претседателот на Собранието распишува избори за пратеници и избор на претседател на Републиката, го потпишав Решението за распишување на предвремените парламентарни избори, и истото, врз основа на Член 12, став (2) од Изборниот законик, го доставив до Државната изборна комисија, Министерството за надворешни работи и Министерството за правда.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на 133. седница на Собрани...

Вторник, 11 февруари 2020

Обраќање на претседателот Џафери на свечената седница по повод Ратификацијата на Северноатлантскиот договор во Собранието на Република Северна Македонија  

Дозволете ми на овој, за нас историски ден, да го искажам своето задоволство што ја имам честа денес како претседател на Собранието на Република Северна Македонија, да ја водам оваа седница на која законодавниот дом ќе го ратификува Северноатлантскиот договор, јадрото и правната основа на Северно-атлантската алијанса.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Конференцијата на МОСТ ...

Петок, 7 февруари 2020 година

Обраќање на претседателот Џафери на Конференцијата на МОСТ на тема “Транспарентноста на Собранието – предизвици за новиот парламентарен состав“

Драго ми е што можам да го поздравам во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, почетокот на оваа Конференција организирана од Граѓанската асоцијација МОСТ, со која Собранието има заеднички проект насловен „“Вклучени граѓани за одговорно и транспарентно Собрание” , кој што е започнат со примена во јули 2016 година и тука, ќе споделам со вас едно за мене значајно сеќавање, а тоа е дека моето прво јавно обраќање кога стапнав на оваа одговорна функција, беше токму на Конференција организирана во рамките на истиот овој проект, исто така пред претставници на невладините организации за кои и тогаш, и сега го делам истото мислење, дека тие се најзначајната алка на поврзување или пак останување во постојан контакт со граѓаните и нивните потреби кои произлегуваат од нивното секојдневие.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Свечениот настан за отп...

Среда, 5 февруари 2020

Обраќање на претседателот Џафери на Свечениот настан за отпочнување со работа на Парламентарната буџетска канцеларија во Собранието

Задоволен сум што денес имам чест во свое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да го поздравам овој свечен настан со кој што го одбележуваме отворањето на Парламентарната буџетска канцеларија, производ на плодната соработка помеѓу Собранието на Република Северна Македонија и Вестминстер фондацијата за демократија...
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Третиот Жан Моне Дијало...

Петок, 31 јануари 2020

Обраќање на претседателот Џафери на Третиот Жан Моне Дијалог

Денеска продолжуваме со нов Жан Моне Дијалог, трет по ред, и мене ми е драго што меѓу нас се наоѓа новиот состав на европратници, пријатели на Собранието и на Република Северна Македонија, наши колеги од Европскиот парламент, кои се тука да ја продолжат со нас соработката која започна во мај 2018 година во Охрид, продолжи во мај 2019 година во Собрание и сакам да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на претходната тројка европратеници, Вајгл, Кукан и Флекнштајн, за нивното пријателство и непоколебливата посветеност на нашиот законодавен дом, а Вас, г. Ќучјук, г. Шиедер и г-ѓа Валсман, дозволете да ве поздравам и да ви посакам добредојде во Собрание со верба дека заедно ќе постигнеме конкретни резултати и успеси за кои можеби во некое поранешно минато сме мислеле дека се невозможни, а сепак сме успеале да ги оствариме или постигнеме.
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Самитот на претседатели...

Вторник, 28 јануари 2020, Брисел

Обраќање на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија на Самитот на претседатели на парламенти од Западен Балкан организирана од Европскиот парламент

Дозволете во мое лично име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија да го поздравам почетокот на овој Самит којшто е на иницијатива на почитуваниот претседател Сасоли на кого најискрено му благодарам и чиј домаќин имав чест да бидам во нашиот законодавен дом пред месец и пол при неговата прва официјална посета надвор од Европската Унија по преземањето на оваа одговорна функција, а по разочарувачката одлука на Европскиот совет за недоделување на датум за почеток на преговорите за полноправно членство во Европската Унија. 
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Симпозиумот „Изгубените...

Сабота, 21 декември 2019 година

Обраќање на претседателот Џафери на Симпозиумот „Изгубените вредности на турската култура на Балканот и Источна Европа“

Имам чест и задоволство што во мое име и од име на пратениците во Собранието на Република Северна Македонија, имам можност да го поздравам отворањето на овој значаен симпозиум насловен „Изгубените вредности на турската култура на Балканот и во Источна Европа“, и да го поздравам присуството на високопочитуваниот претседател на Големото национално собрание на Република Турција, г. Шентоп...
Прочитај повеќе

Обраќање на претседателот Џафери на Свечената академија по ...

Понеделник, 16 декември 2019, Амфитеатар на Ректорат, Тетово

Обраќање на претседателот Џафери на Свечената академија по повод одбележувањето на 25-годишнината од основањето на Универзитетот во Тетово

Сакам на почетокот на мојот поздравен збор да го честитам одбележувањето на 25-годишнината од основањето на Државниот универзитет  во Тетово и да ви посакам уште многу јубилеи и величествени успеси во овој храм на образованието. 
Прочитај повеќе
123...13              
Click