Соопштенија

Вторник, 5 септември 2017 година

Доделување на државната награда „8. Септември“

На 8 септември 2017 година (петок), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 11.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „8. Септември“ ќе врачи една награда за животно дело и четири награди за остварување во областа на спортот во 2017 година, кои се доделуваат на спортисти, тренери и спортски работници. 

Добитници на државната награда „8. Септември“ се: г. Иван Кочовски - Награда за животно дело, г. Петар Белистојановски - карате, г. Александар Коцевски Џајо - пливање, Ристо Магдинчев - ракомет и Ѓокица Николовски - кајак.