Соопштенија

Петок, 24 август 2017 година

ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „МАЈКА ТЕРЕЗА“

Ленче Здравкин, активистка и хуманитарка од Велес и Омер Калеши, ликовен уметник со светска кариера и со потекло од Кичевско, се годинешни добитници на државната награда „Мајка Тереза“.

Наградата се доделува за особено значајни остварувања во областа на хуманоста и човечката солидарност и за поттикнување, унапредување на меѓусебното разбирање и развој на соработката, како меѓу народите, така и меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери.

На 26 август 2018 година, (недела), во Свечената-Кристална сала на Собранието на Република Македонија, во 12.00 часот, Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“ ќе им ја врачи наградата „Мајка Тереза“ за 2018 година на Ленче Здравкин и Омер Калеши, симболично на денот на раѓањето на хуманитарката и добитничка на Нобеловата награда за мир, Мајка Тереза.

Click