Соопштенија

Среда, 20 јуни 2018 година

Годишен состанок на претставниците на Комисиите за одбрана и безбедност од Парламентите на земјите од Југоисточна Европа

Собрание на Република Македонија, 24-26 јуни 2018, Скопје

Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието на Република Македонија и Центарот за безбедносна соработка RACVIAC со партнерска поддршка на Женевскиот центар за демократска контрола на вооружени сили (ДКАФ), од 24 до 26 јуни 2018 година ќе бидат домаќини и организатори на Годишниот состанок на претставниците на Комисиите за одбрана и безбедност од Парламентите на земјите на Југоисточна Европа.

Конференцијата ќе се фокусира на современите безбедносни предизвици во Југоисточна Европа, зголемување на нетрадиционалните мисии на војската и добрите практики на парламентарниот надзор над одбранбениот и безбедносниот сектор.

На овој настан се очекува учество на повеќе од 30 парламентарци, членови на Kомисиите за одбрана и безбедност и повеќе од 20 државни службеници од регионот на Југоисточна Европа, како и поголем број експерти, амбасадори и претставници на меѓународни заедници кои се ангажирани по овие прашања.

* Годишниот состанок ќе се одржи во Собранието на Република Македонија, Сала „Борис Трајковски“.

Click