Соопштенија

Понеделник, 4 декември 2017 година

Груби во Брисел со интензивна агенда 

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија,  г. Артан Груби,  ќе претстојува во Брисел на дводневна посета.

Претеникот Груби ќе учествува на тркалезна маса на тема: „Западен Балкан на раскрсница: Нови предизвици, сменета динамика“, што се одржува во Брисел, на покана на „Пријатели на Европа“ и на Европскиот самит за европска политика. 

На конференцијата, меѓу другите, ќе учествуваат премиерот на Албанија г. Еди Рама, директорот за Европска и соседска политика и проширување на Европската  комисија г.  Кристијан Даниелсон, како и г-ѓа Ајсе Кихан Султаноглу, асистент на генералниот секретар и регионален директор за Европа и за Комонвелтот на независни држави (ЦИС) и на УНДП.

Исто така, г. Груби, по покана на неговите колеги од Европскиот парламент ќе учестувува и на Европскиот молитвен појадок на 6 декември каде што ќе се сретне со повеќе високи учесници.

Во рамките на посетата на Брисел, г. Груби ќе реализира посебни средби и со европратениците: г. Иво Вајгел, г. Едуард Кукан и г. Кнут Флекенштајн, како и со г. Давид Кулен од Европската комисија, одговорен за подготовка на извештајот зa Македонија и Косово, но и со г. Едвард Ауер од канцеларијата на г-ѓа Фредерика Могерини, задолжен за Западен Балкан.

Click