Соопштенија

Четврток,  22 февруари 2018 година

Конститутивна средба на Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата

На 23 февруари 2018 година, во Сала 4, во Собранието на Република Македонија, од 13.00-14.00 часот, ќе биде основана и промовирана Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ лицата на Собранието на Република Македонија, во која ќе членуваат пратеници од постоечкиот собраниски состав од различни политички партии.

Иницијатори на оваа идеја се пратениците: Маја Морачанин, Павле Богоевски, Бранко Маноиловски, Лилјана Поповска, Ирена Стефоска, Ивана Туфегџиќ, Јулиана Николова, Петар Атанасов, Никица Корубин, Соња Мираковска, Јагода Шахпаска, Александар Кирацовски и Славица Шуманска-Митева.

Покрај пратениците на средбата се поканети претставници на амбасадите и невладиниот сектор од оваа област.На конститутивната средба поздравни обраќања ќе имаат пратениците Маја Морачанин, членка на групата и Павле Богоевски, член на групата, по што ќе биде презентирана Процената на знаењата, ставовите, потребите и практиките на пратениците во Собранието на Република Македонија во врска со човековите права на ЛГБТИ луѓето и заштитата од дискриминација од страна на Драгана Дрндаревска.

Click