Соопштенија

Вторник, 13 февруари 2018 година

Претседателот Џафери со собраниска делегација на Конференција во Вилтон Парк

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери и околу 30 претставници од сите политички партии застапени во Собранието, службите во Собранието, Парламентарниот институт и претставници на граѓанското општество, од 14 до 16 февруари 2018 година, ќе учествуваат на конференција што ќе се одржи во Вилтон Парк, Велика Британија.

Конференцијата е на тема „Градење на ефикасен и независен парламент на Република Македонија“, во организација на Британската амбасада и Вестминстер фондацијата за демократија.

Click