Соопштенија

Среда, 11 април 2018 година

Собраниска делегација на Интерпарламентарна конференција во Белград

Во рамките на Интерпарламентарната конференција, во организација на Европскиот парламент и во соработка со Народното Собрание на Република Србија, на 13 април 2018 година во Белград, ќе се одржи семинар на тема: "Инструмент за пред-пристапна помош во руралниот развој: Научени лекции и идни перспективи". 

На конференцијата ќе учествува делегација од Собранието на Република Македонија од Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и тоа пратениците: Татјана Прентовиќ, Мира Стојчевска, Реџаиљ Исмаили и Панче Минов.

Интерпарламентарната конференција се очекува да биде отворена од г. Ненад Чанак, претседател на Комисијата за европска интеграција од Народното Собрание на Република Србија и г. Чеслав Сиекиерски, пратеник во Европскиот парламент и претседател на Комисијата за земјоделство. 

Обраќање се очекува да има г-ѓа Маја Гојковиќ, претседател на Народното Собрание на Република Србија; г-ѓа Јадранка Јоксимовиќ, министер за европски интеграции; г. Бранислав Недомовиќ, министер за земјоделство шумарство и водостопанство и Едуард Кукан, пратеник во Европскиот парламент и член на Комисијата за надворешни работи.

На претстојната Интерпарламентарна конференција се очекува учество на г. Зоран Јанјатовиќ, помошник министер за секторот за рурален развој; г. Бобан Илиќ, генерален секретар за рурален развој и животна средина (SWG) за Југо Источна Европа и проф. Наталија Богданов од Факултет за земјоделство - Белград.

Click