Соопштенија

Петок, 17 ноември 2017 година

Собраниска делегација на Конференција во Брисел

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: Ивана Туфегџиќ, Агим Шаќири, Теута Биљали и Димитар Стевананџија, од 20 ноември (понеделник) ќе учествува на Конференција на тема: „Премостување на јазот помеѓу политиката за млади како и учеството во овие политики на младите парламентарци во земјите од Западен Балкан", во Европскиот парламент во Брисел, Кралството Белгија. 

На конференцијата пратениците ќе имаат можност да разменат искуства со своите колеги од регионот, со колегите од Европскиот парламент, ќе дебатираат на теми поврзани со развојот на младинските политики, нивното интегрирање и поврзување во институционалниот систем на државите.

Click