Соопштенија

Среда, 23 мај 2018 година

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ПС НА НАТО ВО ВАРШАВА

Пратениците Катерина Кузмановска, член и Африм Гаши, заменик-член на Делегацијата од Собранието на Република Македонија во Парламентарното Собрание на НАТО  ќе учествуваат на пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО, која ќе се одржи од 25 до 28 мај 2018 година во Варшава, Република Полска. 

На Пролетната сесија ќе се работи во оделени Комитети и тоа Политички Комитет, Комитет за наука и технологија, Комитет за  граѓанска димензија на безбедноста, Комитет за економија и безбедност и Комитет за одбраната и безбедноста. На Комитетите, меѓу другото ќе биде разгледан и Извештајот за безбедноста во Западен Балкан како и Предлог–декларацијата за потврдување на единството и кредибилноста на НАТО за Бриселскиот самит.

На отворањето на пленарната сесија, предвидено е свои пригодни обраќања да имаат г. Паоло Али - претседател на ПС на НАТО, Н.Е. Андреј Дуда - претседател на Република Полска, Н.Е Марек Кучински – маршал на Сејмот на Република Полска, Н.Е Станислав Карцевски -маршал на Сенатот  на Република Полска, Н.Е Јанс Столтенберг - генерален секретар на НАТО и претседател на Северноатлантскиот совет.

На  Пролетната сесија на ПС на НАТО ќе учествуваат земјите членки на НАТО и истотака земјите што претендираат да бидат дел од Алијансата во иднина.

Click