Соопштенија

Вторник,  6 февруари 2018 година

Собраниска делегација во Стразбур

Согласно член 114 од Спогодбата за асоцијација и стабилизација на Република Македонија и Европската унија и според Деловникот на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска Унија, од 6 до 8 февруари 2018 година во Европскиот парламент во Стразбур, Француската Република ќе се одржи 14. Состанок на Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европска Унија - Парламентарен комитет за стабилизација и асоцијација. 

Делегацијата на Собранието на Република Македонија во Комитетот ќе ја претставуваат шест пратеници и тоа: Горан Милевски, Антонијо Милошоски, Бетиан Китев, Ејуп Алими, Реџеп Мемеди и Жаклина Лазаревска. 
Во рамките на состанокот, членовите на Мешовитиот комитет од Собранието на Република Македонија и од Европскиот парламент ќе имаат размена на мислења за односите меѓу Европската Унија и Република Македонија со г. Никола Димитров, министер за надворешни работи на Република Македонија.

Според дневниот ред, на состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет пратениците од Собранието на Република Македонија и од Европскиот парламент ќе разменат мислења и за спроведувањето на „План 3-6-9“, Препораките од групата високи експерти за системски прашања од владеење на правото, со акцент на реформи во судството, изборните реформи, реформи во работата на Собранието, реформи во медиумите, реформи во јавната администрација, соработката со граѓанското општество, потоа меѓуетничките односи, добрососедството и регионална соработка, имплементирањето на Охридскиот рамковен договор, новиот закон за употреба на јазиците и Берлинскиот процес и дополнителните активности по самитот во Трст. 

Click