Соопштенија

Петок, 17 ноември 2017 година

Учество на собраниска делегација на тркалезна маса за „Регионалната перспектива на евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан" во Брисел

Делегација на Собранието на Република Македонија во состав: Артан Груби, Томислава Тунтев, Фадил Зендели и Никола Попоски, од понеделник, 20 ноември 2017 година, ќе учествуваат на Тркалезната маса на високо ниво на тема: „Регионалната перспектива на евроинтегративниот процес на земјите од Западен Балкан", во Европскиот парламент во Брисел, Кралството Белгија. 

На конференцијата, пратениците ќе разменат искустава со своите колеги од регионот, со колегите од Европскиот парламент, ќе имаат средби со известителите и известителите во сенка за Република Македонија во Европскиот парламент, а ќе се сретнат и со високи претставници од Европската комисија, како и со претставници од Канцеларијата на Високата претставничка на Европската унија задолжена за надворешна политика и безбедност.

Click