Активности

Петок, 7 септември 2018 година

Дваесет и шеста седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија

Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието на Република Македонија, на денешната 26. седница, како матично работно тело, во скратена постапка, ги разгледа:

1. Предлогот на законот за дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поднесен од: Лилјана Затуроска, Диме Велковски, Артан Груби;

2. Предлогот на законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево - Охрид;

3. Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање, поднесен од: Мирослав Јовановиќ, Диме Велковски, Костадин Ацевски, Томислав Тунтев, Анета Симеска Димоска, Мира Стојчевска, Благојче Трпевски, Реџаиљ Исмаили, Снежана Калеска Ванчева;

4. Предлогот на законот за дополнување на Законот за градење, поднесен од: Благојче Трпевски, Мирослав Јовановиќ, Костадин Ацевски, Томислав Тунтев, Мира Стојчевска, Реџаиљ Исмаили, Снежана Калеска Ванчева, Диме Велковски.

На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата на Република Македонија присуствуваше Горан Сугарески, министер за транспорт и врски.

Претседателката на Комисијата, Лилјана Затуроска, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието на Република Македонија, не се поднесени амандмани по првите три Предлог-закони, а Комисијата без дискусија ги проследи истите на натамошна постапка во Собранието. 

Во однос на Предлогот на законот за дополнување на Законот за градење беше поднесен еден амандман на член 1 од страна на пратеничките Никица Корубин и Мери Лазарова, кој Комисијата го усвои со 6 гласа „за“ и 3 „против“. 

Во дискусијата по овој Предлог-закон и по амандманот учествуваа пратениците: Ане Лашкоска, Никица Корубин, Диме Велковски, Костадин Ацевски, Никола Мицевски, како и министерот Сугарески. По расправата, Комисијата го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието. 

Click