Активности

Понеделник, 12 февруари 2018 година

Средба на пратеникот Груби со американскиот дипломат, г. Метју Нимиц

Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, во Њујорк имаше работен ручек со посредникот на Обединетите нации за спорот со името, американскиот дипломат, г. Метју Нимиц.

Груби му ги пренесе на Нимиц сите негови впечатоци од интензивните средби во Вашингтон, вклучувајќи ги и обсервациите и од другите соговорници во периодот помеѓу двете меѓусебни средби.

Двајцата соговорници разговараа општо за спорот и посредништвото на Нимиц и споделија размислувања за актуелните збиднувања. 

Ставовите на двајцата премиери вродуваат оптимизам дека решението е поблиску од кога било. Според Груби и ДУИ, конечното решение кое што ќе се постигне мора да биде достоинствено и заемно прифатливо.

Компромисот мора да овозможи безодложна и итна интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ што ќе резултира со одржлив мир и стабилност во нашата земја и регионот, но заедно со системските реформи претставува предуслов за економски развој и општествена благосостојба.

ДУИ целосно ги поддржува напорите на г. Нимиц и на преговарачите во спорот со нашиот јужен сосед.