Активности

Четврток, 8 февруари 2018 година

Средба на пратеникот Груби со Лаура Купер, заменик-државен секретар за одбрана на САД

Пратеникот Артан Груби го посети и Пентагон за време на неговата посета на САД, каде што се сретна со високата претставничка на Депертментот за одбрана на Америка, Лаура Купер, заменик-државен секретар за одбрана на САД.

На средбата се констатираше одличната меѓусебна соработка на полето на одбраната, борбата против тероризмот.

Купер истакна дека поддршката на САД на полето на одбраната за нашата земја е висока и константна, при што изрази целосна поддршка за нашите евроатлантски аспирации и напори да ги надминеме сите пречки на тој пат и нè охрабри да продолжиме со напорите и реформите во земјата, додека поддршката на САД нема да изостане.

Високата претставничка на Пентагон нагласи дека Македонија е партнер на САД и дека Вашингтон ги вреднува нашите напори и придонес кон активностите на Алијансата. Од интерес на САД е да ја видат Македонија во НАТО и затоа ја реафирмира поддршката, додавајќи дека нејзината скорешна посета на Македонија поминала во конструктивни средби.

Груби говореше за пресудната улога на САД во последните две декади во Македонија и регионот и истакна дека сите наши успеси се резултат на заедничките напори.

Затоа, последните чекори кон целта треба да ги изодиме заедно, храбро и да ја реализираме заедничката цел, Македонија членка на НАТО и Европската Унија.

Македонија продолжува со интензивно темпо да ги спроведува реформите, да го заокружи нормативниот дел од Охридскиот договор и да ги решава споровите со соседите, по примерот на договорот со Бугарија.

Затоа, сега е времето за НАТО и сите наши напори и енергии се концентрирани кон реализација на проектот што ќе ни обезбеди мир, стабилност, сигурност и е предуслов за економски развој.

Соговорниците, исто така, разговараа и околу борците во странски конфликти, тероризмот и екстремизмот.