Активности

Понеделник, 12 февруари 2018 година

Комисијата за култура во работна посета на Музејот на Македонија

Собраниската Комисија за култура денеска оствари работна посета на Музејот на Македонија, при што одржа состанок со Гордан Николов, в.д. директор на Музејот.

Членовите на Работната група, во состав Ирена Стефоска, Никица Корубин, Славица Шуманска-Митева и Весна Дамчевска-Илиевска, се запознаа со активностите и плановите на Музејот, како и со низата предизвици и проблеми со кои оваа институција се соочува.

Од страна на директорот беше истакнато дека Музејот се наоѓа во многу лоша состојба и неопходна е санација, ентериерно уредување и одржување на целиот објект за да може да функционира според основните музејски стандарди. 

Сепак, раководството на Музејот најави дека во план се многу активности за ревитализација на Музејот, преадаптација на расположливиот простор и преуредување на постановките со понов и помодерен концепт.

Присутните истакнаа дека Музејот на Македонија е установа со големо историско и културно значење за Република Македонија, а собраниската Комисија за култура, согласно своите надлежности, во иднина ќе соработува со Музејот во насока на подобрување на состојбите во кои се наоѓа.

Click