Активности

Четврток, 28 декември 2017 година

Неформална средба на претседателот Џафери со претставници на медиумите

Денеска, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, имаше неформална средба со претставниците на медиумите.

Средбата се одвиваше во пријатна и срдечна атмосфера, а новинарите имаа можност непосредно да постават прашања до претседателот Џафери. 

По завршување на средбата, претседателот на Собранието даде и изјава за медиумите. Запрашан за очекувањата за во иднина, претседателот Џафери рече: „Очекувам да се надминат превирањата во политичките партии во 2018 година и Собранието да биде во полн состав, со учество на опозицијата и сите политички партии, имајќи ги предвид нивните претходни изјави дека ќе бидат присутни, особено за реформските закони, во контекст на очекувањата од Извештајот на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија“.

 

Click