Активности

Понеделник, 21 мај 2018 година

Политичките лидери се обединија за да осигурат дека Собранието ги води Евро-Атлантските интеграции

Првиот Жан Моне Дијалог со Собранието се одржа во Охрид на 17 и 18 мај. По дводневен неформален и отворен дијалог, политичките партии уште еднаш го потврдија консензусот да работат заедно за земјата да напредува кон членството во ЕУ и да се интегрира во Евро – Атлантските структури.

Со цел да се забрза овој процес, политичките партии се заложија Собранието да ја има најефикасната улога преку употреба на сиот свој демократски легитимитет, надзорната и законодавната моќ и, преку започнување на серија реформи почнувајќи со итна посветеност кон усвојување на нов Етички кодекс и применување на итни измени на Деловникот. Исто така беше усогласена посветеност кон поопсежна ревизија на Деловникот за да се обезбеди Собранието да биде поефикасно, транспарентно и ефективно при исполнувањето на очекувањата на граѓаните за членство во ЕУ.

Пратениците од ЕП, г. Вајгл, г. Кукан и г. Флекенштајн, со мандат од претседателот на Европскиот Парламент, го отворија дијалогот изјавувајќи:„Чест е да се работи со лидерите и политичките партии во Собранието преку Дијалогот Жан Моне и во поддршка на реформите кои што се потребни во интеграциските процеси на земјата. Политичкиот дијалог е суштината на секој демократски процес и затоа, среќни сме што гледаме ваква заинтересираност и енергична вклученост на сите наши политички партнери во процесот.“

Силни пораки на поддршка беа исто така упатени од страна на комесарот Хан и претседателите на двете најголеми Европски политички парии- Европската народна партија  и Партијата на Европски социјалисти.

Со цел да се одржи моментумот на дебатираните клучни реформи, претседателот Џафери најави формирање на Работна група во Собранието, составена од претставниците на главните политички партии, за да се поддржи имплементацијата на реформската агенда и следните чекори на процесот Жан Моне.

Пратениците од ЕП, г. Вајгл, г. Кукан и г. Флекенштајн повторија дека, реформската агенда е целосно поддржана од ЕП, вклучително и Комисија за надворешни прашања и делегацијата на Мешовитиот парламентарен комитет.

Дијалогот Жан Моне придонесува кон поддржување на Македонија во следните чекори на напредок на земјата кон членството во ЕУ, особено следејќи ги безусловните и позитивни препораки од страна на Европската Комисија која сега ја очекува одлуката на Советот. 

Click