Активности

Недела, 18 февруари 2018 година

Посета на претседателот Џафери на Република Косово 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска отпатува во Република Косово каде што присуствуваше на активностите по повод одбележувањето на десетгодишнината од независноста на Република Косово. 

На Свечената академија што се одржа во општина Сухарека, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, го прогласија за „Почесен граѓанин" на општина Сухарека. 

Потоа, посетата продолжи во Приштина, во Собранието на Република Косово, каде што се одржа Свечена седница по повод десетгодишнината од независноста на Косово, а во продолжение ја проследи парадата на Безбедносните сили на Косово и Полицијата на Косово, заедно со сите други присутни гости.

Одбележувањето на Десетгодишнината продолжи со државен прием и коктел приреден од страна на претседателот на Република Косово, г. Хашим Тачи.

Click