Активности

Четврток, 15 ноември 2018 година

Пратеничката група за соработка на средба со кинеската амбасадорка Лисјен

Пратениците Владанка Авировиќ, Анета Симеска-Димоска, Тања Ковачев,  Агим Шаќири и Јохан Тарчулоски, во својство на претседател и членови на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентот на Народна Република Кина, остварија средба со амбасадорката на Народна Република Кина во Република Македонија, Н.Е. Јин Лисјен. 

На средбата беше изразена благодарност за континуираните напори и активности на Амбасадата на Народна Република Кина во Република Македонија кои значајно придонесуваат за развој и унапредување на односите меѓу двете држави во многу области. 

Соговорниците во текот на разговорите ги разгледаа можностите за унапредување на билатералната соработка на парламентарно ниво, за која беше констатирано дека би можела да се интензивира и продлабочи преку директни контакти и размена на мислења и искуства меѓу членовите на  Групите за соработка кои се формирани во двата Парламента. Беше разгледана и можноста за размена на експертиза и знаења меѓу парламентарните служби на двете држави. 

Исто така, беше поздравена важноста што Кина ја посветува на соработката со земјите од ЦИЕ преку Иницијативата 16+1 со цел да се искористи можноста за развој на економскиот појас - Патот на свилата во 21 век. Од наша страна беше нагласено дека сме силно заинтересирани за трговската и инвестициона промоција, развојот на инфраструктурата, како и научно-технолошката соработка, на кои се фокусира оваа Иницијатива.       

Click