Активности

Недела, 30 септември 2018 година

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ

Почитувани граѓани, 
почитувани претставници на медиумите,

Дозволете ми да ја искористам оваа прилика, да им честитам на сите граѓани на Република Македонија за овој празничен ден, ден во кој граѓаните и институциите спроведоа ден на гласање без ниту еден инцидент и со мирен и демократски процес на гласање. 

Со ова, граѓаните докажаа дека припаѓаат на нивото на политичка култура на демократски развиените земји, но тоа што е најважно, дека припаѓаат на големото европско семејство.

Им честитам на сите домашни институции за мирниот изборен процес без ниту една пријавена сериозна неправилност. Граѓаните денес ги поставија темелите на идната Македонија, гласот на суверенот е тој што одлучува за иднината на оваа земја. Се надеваме дека вердиктот на суверенот е во насока на една подобра иднина за сите граѓани на Македонија, и овој вердикт ќе биде основа за идните процеси кои не очекуваат во следниот период во институциите на системот. 

На крај, дозволете ми уште еднаш да им честитам на сите граѓани за овој значаен ден кога се одлучува иднината на сите граѓани меѓутоа и на идните генерации на оваа земја. 

Ви благодарам.

Click