Активности

Среда, 5 септември 2018 година

Пуштена во употреба електронски кодифицирана и индексирана законодавна архива на Собранието на Република Македонија

Парламентарниот институт на Собранието денеска пушти во употреба е-архива систем на Собранието, со достапни и лесно пребарливи над 1,4 милиони страни архивски документи од работата на Собранието во периодот од 1986 до 2012 година.

Со електронско кодифицирање на архивата се овозможува лесно пребарување на сите придружни документи од постапките на законодавниот процес на систематизиран начин за потребите на пратениците и службата на Собранието.

На овој начин се овозможи зачувување на архивското наследство на Собранието.

Целокупната работа траеше 18 месеци на што работеа 25 вработени од службата на Собранието и Државниот архив на Република Македонија, а финансиски беше поддржано со 4 милиони денари од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) со советодавна поддршка од Националниот демократски институт (НДИ).

Click