Активности

Четврток, 7 септември 2017 година 

Работен состанок на Техничкиот комитет на Интерпартиската парламентарна група за правата на лицата со хендикеп (ИППГ)

Вчера во Собранието на Република Македонија се одржа работна средба на Интерпартиската параламентарна група за правата на лицата со хендикеп (ИППГ), каде свое обраќање имаше претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери. 

На работната средба се избра новиот состав на ИППГ и се дефинираше новата структура, при што се избра новиот претседавач и заменик-претседавачи со ИППГ. 

Согласно предлозите, за претседавач е избрана г-ѓа Фросина Tашевска-Ременски, а за нејзини заменици претседавачи се избрани: г. Трајче Димков, г. Африм Гаши, г-ѓа Лилјана Поповска, г-ѓа Јулијана Николова, г-ѓа Јагода Шахпаска и г-ѓа Мирсада Емини - Асани. 

Согласно договореното на оваа средба, претседавачот, заедно со заменик-претседавачите, ќе подготви рамка за дејствување и активности на ИППГ во овој парламентарен состав и на наредниот состанок ќе ги презентира планираните активности.

Click