Активности

Четврток, 7 декември 2017 година, Вашингтон

Работна вечера во чест на претседателот Џафери насловена „Напредувањето на Македонија на демократскиот пат: Улогата на парламентот“ 

За време на посетата во Вашингтон, Националниот демократски институт, во соработка со партнерите кои работат во Република Македонија, организираше вечера во чест на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери. 

Домаќин на вечерата беше претседателот на НДИ, г. Кенет Волак, а беа присутни високи преставници на УСАИД, ИРИ, Националната фондација за демократија, ИФЕС, Атланскиот совет, консултантски куќи кои работат со Република Македонија, како и поранешниот амбасадор на САД во Република Македонија, г. Пол Волерс. 

Вечерата се одвиваше во искрена и пријателска атмосфера и на истата се разменија мислења за повеќе прашања од заемен интерес. 

Click