Активности

Петок, 10 ноември 2017 година

Средба на пратеникот Алими со европратеникот Вајгл

Координаторот на пратеничката група на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на Собранието на Република Македонија, г. Ејуп Алими, денеска имаше средба со г. Иво Вајгл, пратеник во Европскиот парламент и известител за Република Македонија во Европскиот парламент.

На средбата беше разговарано за политичката состојба, за текот на локалните избори кои се одржаа во земјата, патот кон системските реформи, добрососедските односи како и членството на земјата во евроатлантските структури.Алими го истакна своето задоволство од резултатите на локалните избори што претставува потврда на програмските определби на владејачката коалиција за длабоки реформи, евроатлантска интеграција и еднаквост во општеството. 

Алими посочи дека по завршување на локалните избори, пратениците во  Парламентот, се враќаат на реформската агенда и уште поактивно ќе се посветат на мерките и активностите што се во насока на отстранување на сите забелешки и пречки за евроинтегративните процеси на Република Македонија.

Вајгл ја изрази подготвеноста за продлабочување на поддршката на политичкиот дијалог во земјата и градењето на консензусот во насока на имплементација на Договорот од Пржино и ургентните реформски приоритети за Република Македонија. 

Оваа поддршка доаѓа директно од страна на претседателот на Европскиот парламент, г. Тајани и комисионерот Хан.

Во таа насока, Вајгл информираше за воспоставуањето на еден нов формат на политички дијалог, таканаречен Жан-Моне на кој ќе учествуваат претставници од сите парламентарни партии со цел интензивирање на реформскиот процес во земјата и приближување на Република Македонија кон ЕУ и НАТО.

Од страна на Алими беше поздравена ваквата иницијатива и потврди дека ДУИ ќе земе активно учество во Жан-Моне дијалогот, ќе ги стави државните интереси пред партиските, што впрочем и го потврди во минатото.


Click