Активности

Петок, 10 ноември 2017 година

Средба на пратеникот Рашиди со европратеникот Вајгл

Пратеникот Сурија Рашиди од Алијанса за Албанците, денеска имаше средба со г. Иво Вајгл, пратеник во Европскиот парламент и известител за Република Македонија во Европскиот парламент.

На средбата беше разговарано за политичката состојба, за текот на локалните избори кои се одржаа во земјата, патот кон системските реформи, добрососедските односи како и членството на земјата во евроатлантските структури.

Од страна на пратеникот Рашиди е истакната заложбата на Алијансата за Албанците за поддржување на реформските определби на владата, реформите во судството, борбата против корупцијата и криминалот, позитивните движења кон целосната рамноправност на етничките заедници и граѓаните, како и патот кон НАТО и евроинтеграциите на земјата. 

Исто така е наведено дека дел од овие определби сериозно се повредени на последните локални избори. 

Алијанса за Албанците целосно ги поддржува сите иницијативи за дијалог помеѓу парламентарните групи.

Click