Активности

Петок, 8 декември 2017 година

Средба на претседателот Џафери со конгресмените Дејвид Прајс и Питер Роскам

За време на посетата во Вашингтон, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, се сретна со долгогодишните пријатели на Македонија, конгресмените Дејвид Прајс и Питер Роскам. 

Двајцата конгресмени истакнаа дека се почестени што токму во Вашингтон имаат можност да се сретнат со претседателот на Собранието на Република Македонија и да разменат мислења во искрена и срдечна атмосфера. 

Претседателот Џафери ги информираше соговорниците за развојот на последните политички настани во земјата и за предизвиците со кои се соочува законодавниот дом. 

Во однос на понатамошната соработка во рамките на програмите на Комисијата за демократско партнерство на Конгресот каде овие конгресмени се претседавачи, заеднички се констатираше дека досегашната соработка е успешна и истата ќе се продолжи и ќе се интензивира во периодот што следи.

Особен акцент се стави на понатамошната поддршка на истражувачката работа на Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија. Во таа насока ќе продложи  соработката и размената на ниво на пратеници и парламентарна служба. 

Убеден во значајноста на придонесот на невладините организации во градењето на вистинско демократско општество, претседателот на Собранието, г. Џафери, истакна дека законодавниот дом е отворен за иницијативите кои доаѓаат од невладиниот сектор.  

Click