Активности

Вторник, 6 ноември 2018 година

Средба на претседателот Џафери со Н.Е. Исмаил Иса Исмаил Рифаје, амбасадор на Хашемитското Кралство Јордан                               

Денеска претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Кралството Јордан, Н.Е. Исмаил Иса Исмаил Рифаје, којшто нерезидентно ја покрива Република Македонија од Анкара, Република Турција. На средбата беше присутен и пратеникот Мухамед Зекири, кој воедно е и претседател на Пратеничката група за соработка со Парламентите на земјите од Блискиот и Средниот Исток.

Претседателот Џафери на самиот почеток истакна дека, иако дипломатските односи со Јордан се воспоставени уште во 2000-та година, Република Македонија сè уште нема акредитирано амбасадор во Јордан и тоа ја отежнува можноста за реализација на заемни посети на различни нивоа и можноста за поинтензивна економска и трговска соработка која за жал е на ниско и незадоволително ниво.

Претседателот на Собранието на Република Македонија ја потенцираше важноста на парламентарната дипломатија која е помалку оптоварена со протоколарни процедури и апелираше парламентарците на двете земји, преку Групите за соработка, да ја воспостават и унапредат меѓусебната комуникација, и во исто време изрази подготвеност како претседател на Собранието да ја охрабри оваа соработка.

Амбасадорот на Кралството Јордан, Н.Е. Исмаил Иса Исмаил Рифаје, се заблагодари на топлиот прием и можноста да оствари средба со претседателот на Собранието на Република Македонија и искажа готовност за време на неговиот мандат да вложи сериозен напор за започнување на заемни политички консултации кои би биле појдовна основа за започнување на соработката во многу области, како економија, трговска размена, туризам и исто така ја потенцираше важноста од соработка во областа на одбраната и безбедносниот сектор.

Пратеникот Мухамед Зекири ја нагласи потребата од олеснување на визниот режим помеѓу двете земји, нешто што би придонело кон интензивирање на економската, меѓутоа, секако, и туристичката соработка.

На крајот, соговорниците се согласија да го искористат својот авторитет како политички претставници на двете земји, да дадат придонес во поттикнување и продлабочување на севкупните билатерални односи. 

Click