Активности

Четврток, 8 март 2018 година

Свечен коктел по повод Меѓународниот ден на жената - 8 Март

Денеска, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери и генералната секретарка на Собрание на Република Македонија, г-ѓа Цветанка Иванова, приредија свечен коктел по повод Меѓународниот ден на жената - 8 Март, за пратеничките и службеничките во Собранието на Република Македонија. 

Приемот со своето присуство го збогатија и потпретседателите на Собранието, г-ѓа Фросина Ташевска-Ременски, г. Горан Мисовски и г. Весел Мемеди, како и заменик-генералните секретари. 

Click