Активности

Среда, 25 април 2018 година

Единаесетта седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Македонија, на денешната 11. Седница, како матично работно тело, го разгледа Извештајот на Законодавно-правната комисија по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за ловството.

повеќе...

Среда, 25 април 2018 година, Стразбур

Заложба за слобода на медиумите како фундаментално право на секое демократско општество

Во рамките на априлската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на денешната сесија посветена на слободата на уредничката политика и статусот на новинарите во Европа, пратеникот Бетиане Китев, шеф на Делегацијата на Собранието на Република Македонија во ПС на СЕ, истакна дека дека слободата на изразување и информации е фундаментално право гарантирано со член 10 од Европската конвенција за човекови права, кое ја вклучува слободата на медиумите, што е суштинско и задолжително за постоењето и развојот на секое едно демократско општество.

повеќе...

Вторник, 24 април 2018 година

Средба на Групите за пријателство Македонија - Франција

Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република денеска оствари средба со г. Бернард Сор, претседател на Групата за пријателство Франција - Македонија на Националното собрание и г. Грегори Галбадон, потпретседател на Групата, a во придружба на Н.Е. Кристиан Тимоние, француски амбасадор во Република Македонија.

повеќе...

Вторник, 24 април 2018 година

Седница на Комисијата за европски прашања за Извештајот за напредокот на Република Македонија

Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија денеска ја одржа својата 13. седница по повод Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2018 година.

Со седницата раководеше претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Артан Груби, кој воедно и ја отвори седницата.

повеќе...

Вторник, 24 април 2018 година, Талин

Обраќање на претседателот Џафери на Конференцијата на претседатели на парламенти од земјите на Европската Унија

Втора сесија: Европска безбедност и одбрана

Последниве години, безбедносната состојба во Европа и околу неа претставува многу сериозен предизвик, како за Европската Унија, така и за секоја држава, вклучително и државите аспиранти.

повеќе...

Вторник, 24 април 2018 година

Претседателот Џафери се сретна со својот грчки колега, г. Николаос Вуцис, претседател на Парламентот на Грција 

Во една неформална и пријателска атмосфера, двајцата претседатели разменија мислења околу отпочнувањето на парламентарна соработка меѓу двата парламента, како на ниво на претседатели, така и на ниво на парламентарни групи за соработка.   

повеќе...

Вторник, 24 април 2018 година, Талин

Билатерална средба на претседателот Џафери со претседателот на Австрискиот национален совет, г. Волфганг Соботка

Во рамките на учеството на Конференцијата на претседатели на Парламенти од земјите на Европската Унија, која што се одржува на 23 и 24 април во Талин, Естонија, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, оствари билатерална средба со претседателот на Австрискиот национален совет, г. Волфганг Соботка. 

повеќе...

Понеделник, 23 април 2018 година, Загреб

Студиска посета на Собраниска делегација на Хрватскиот парламент и Државниот завод за ревизија 

Претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, г-ѓа Лилјана Кузмановска и  членовите на Комисијата, г. Реџаиљ Исмаили и г. Диме Велковски, од 23 до 26 април 2018 година присуствуваат на студиска посета на Парламентот на Република Хрватска и Државниот завод за ревизија во Загреб, Република Хрватска. 

повеќе...

Сабота, 21 април 2018 година

Други средби на претседателот Џафери во рамките на официјалната посета во Република Турција

Во продолжение на официјалната посета во Република Турција на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, се остварија и две средби во Истанбул, на кои, исто така, присуствуваа и другите членови на Делегацијата, односно г. Весел Мемеди, потпретседател на Собранието, г. Енес Ибрахим, претседател на Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Турција и г. Јусуф Хасани, член на Пратеничката група за соработка.

повеќе...

Петок, 20 април 2018 година

Комисијата за култура во работна посета на Македонската опера и балет и Националната галерија на Македонија

Работната група на Комисијата за култура на Собранието на Република Македонија, во состав: Ирена Стефоска, Никица Корубин, Весна Дамчевска-Илиевска, Славица Шуманска-Митева и Крсто Јовановски, на 18 април 2018 година, оствари работна посета на Македонската опера и балет и Националната галерија на Македонија.

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • ...
  • 39
  •