Hidden render

Петок, 21 јули 2017 година

Груби-Бјорнстанд: Условна орочена покана за во НАТО

Пратеникот Артан Груби, претседател на Kомисијата за европски прашања денеска во Собранието се сретна со норвешкиот амбасадор во Македонија, г. Арне Санес Бјорнстанд.

Господин Груби и амбасадорот Бјорнстанд разменија мислења за политичката состојба, поддршката на Комисијата за европски прашања, патот кон системските реформи, како и членството на земјата во НАТО и ЕУ. 

Амбасадорот Бјорнстанд изрази подготвеност да помогне во работата на собраниската комисија која ќе ги разгледува реформските проекти и го поздравува консензуалниот начин на постапување во рамките на ова собраниско тело, особено едногласното донесување на Декларацијата за забрзување на реформските и интегративните процеси во НАТО и ЕУ.

Пратеникот Груби побара од амбасадорот Бјорнстанд да помогне, преку неговиот сограѓанин - генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, во интензивирање на интегративниот процес во НАТО за да се разгледа рокот и условената покана од Северноатланскиот сојуз.

Господинот Груби, исто така, го запозна амбасадорот за текот на работите во Собранието, динамиката за донесување на законот за употреба на јазиците и изрази поддршка за потпишување на договорот за добрососедство со Бугарија. 

Click