Средби пратеници

Среда, 26 јули 2017 година

Средба на генералната секретарка и координаторите со Фиона Макилвам

Генаралната секретарка, г-ѓа Цветанка Иванова и координаторите на пратеничките групи се сретнаа денеска со г-ѓа Фиона Макилвам, директор на Западен Балкан и проширување во Британското министерство за надворешни работи.

На средбата беа присутни г. Чарлс Гарет, амбасадор на Обединетото Кралство, г. Пол Едвардс, заменик-амбасадор во Обединетото Кралство, г-ѓа Јоана Бабушку, офицер за политички и економски прашања во амбасадата на Обединетото Кралство, г. Илија Димовски, координатор на првата пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, г. Ејуп Алими, координатор на пратеничката група на ДУИ, г. Африм Гаши, координатор на пратеничката група на БЕСА, г. Томислав Тунтев, координатор на пратеничката група на СДСМ и г. Илир Селмани, шеф на кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија.

На средбата се разговараше за реформските приоритети и перспективи на Македонскиот парламент кон ЕУ агендата и улогата на парламентот во овие реформски процеси.