Hidden render

Четврток, 7 декември 2017 година

Средба на пратеникот Мемеди со политичките советници на американската Амбасада

Пратеникот Весел Мемеди, во Собранието на Република Македонија, се сретна со политичките советници на американската Амбасада во Скопје, г. Паул Градон и г-ѓа Дивах Хокинс. Пратеникот Мемеди и гостите зборуваа за актуелната политичка ситуација и за подготвеноста на Собранието за ургентните реформи.

Пратеникот Мемеди ги увери гостите од американската Амбасада во Скопје дека Собранието е спремно да биде центар на сите можни активности што се однесува до законите што произлегуваат од Акцискиот План 369, и дека оваа атмосфера преовладува речиси кај сите политички партии што се присутни во Собранието.

Пратеникот Мемеди верува дека Акцискиот План 369 бара напартиски интереси, и дека сите политички партии треба за момент да ги остават на страна политичките интереси, и да се посветат целосно на поддржување на реформите, што се услов за повлекување на условувањето во наредниот извештај на ЕУ, и во исто време добивање на конкретен датум за зачленување во ЕУ.

Политичките советници на американската Амбасада во Скопје,  г. Градон и г-ѓа Хокинс истакнаа дека САД, преку американската Амбасада во Скопје, е заинтересирана да ја види Македонија во НАТО и во ЕУ бидејќи тамо ѝ е местото. 

Click