Петок, 11 мај 2018 година
Средба на пратеникот Петар Атанасов со г. Емануел Рембер
Претседателот на Комисијата за образование, наука и спорт на Собранието на Република Македонија, г. Петар Атанасов, оствари средба со директорот на Францускиот институт во Скопје, г. Емануел Рембер.
На средбата главна тема на разговор беа реформите во образованието и законските промени, со што македонскиот образовен систем ќе се приближи кон европските модели и стандарди.