Со измените во Изборниот законик усвоена е законска одредба за обезбедување најмалку едно место на секои три на кандидатските изборни листи да припаѓа на помалку застапениот пол (со тоа во 2006 година избрани се 37 пратенички во Собранието на Република Македонија - 30,8%);
Со поддршка на Клубот на пратенички подготвен е и донесен Закон за еднакви можности на жените и мажите;
Со измените во Законот за здравствено осигурување поднесени од Клубот на пратенички обезбедени се бесплатни превентивни гинеколошки прегледи за рано откривање на рак на грлото на матката и рак на дојката за сите жени во Република Македонија;
На иницијатива на Клубот на пратенички направена е измена на Законот за пензиско и инвалидско осигурување со кој се продолжи рокот за пензионирање по основ на стаж за уште две години;
Со поддршка на Клубот на пратенички во Законот за семејство вградена е посебна глава за заштита на жртви на семејно насилство;
Со измените во Законот за игри на среќа и забавни игри поднесени од Клубот на пратенички се формира посебен фонд за борба против семејно насилство;
Со измените на Буџетот на Република Македонија за 2008 година поднесени од Клубот на пратенички се зголеми ставката за прифатилишта за бездомни лица и жртви на семејно насилство - шелтер центри.
дневна агенда
За денешниот ден - четврток, 09 септември 2010 год. нема закажано пленарни седници и седници на работни тела
МИСИЈА НА КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЧКИ
Клубот на пратенички делува со заедничка и единствена цел - преку законски решенија да се постигне родова еднаквост и унапредување на правата на жените, нивно активно вклучување во процесот на одлучување во државата како и зајакнување и ширење на демократијата во сите сфери на македонското општество.
Клубот на пратенички е неформална група во Собранието на Република Македонија составена од сите пратенички независно на која пратеничка група припаѓаат.
Активности
14.03.2008
ЈУБИЛЕЈ По повод 5-годишнината од постоењето на Клубот на пратенички на 7 март ќе се одржи свеченост на која на присутните гости е им се обрати координаторката на Клубот на пратенички и заменичките координаторки. Прославата ќе биде проследена со обиколка во Собранието на РМ и свечен коктел. „Кристална сала“, 13,00 часот.
06.03.2008
КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЧКИ По соработка со Националниот демократски институт на 17.03.2008 година, ќе одржи тркалезна маса со конгресмени од Претставничкиот дом на САД на тема „Имплементирање на законодавна стратегија”.
КОНТАКТ
Клуб на пратенички Собрание на Република Македонија ул. 11 Октомври бб, Скопје тел.02/3213128 www.sobranie.mk
Copyright 2009 Собрание на Република Македонија. Сите права задржани.
е-пошта:sobranie@sobranie.mkАдреса: 11 Октомври бб 1000 Скопје Република Македонија