Европскиот центар за парламентарни истражувања и документација (ЕЦПИД)
Во 1977 година, во Виена, од страна на Конференцијата на претседатели на европските парламентарни собранија е основан Европскиот центар за парламентарни истражувања и документација (ЕЦПИД).
ЕЦПИД е мрежа за професионална соработка меѓу службите на парламентите во врска со сите прашања од парламентарното работење.
Кои се цели на ЕЦПИД?
- меѓусебно информирање; - размена на искуства и практики; - соработка со други мрежи, чија што функција, исто така е остварување на меѓупарламентарна соработка(IPEX, EUROVOX и други);
- развивање и збогатување на web страницата на ЕЦПИД со содржини што претставуваат платформа за компаративни пребарувања, настани, публикации и други форми на соработка.
Кои се членки на ЕЦПИД?
Членки на ЕЦПИД се:
- 72 парламенти (вклучително и домовите во дводомните парламентарни структури); - Европскиот парламент; - Парламентарното собрание на Советот на Европа и - Собранието на западноевропската унија (ЗЕУ).
Услугите на Центарот можат да ги користат и парламентите со статус на набљудувачи во ПС на СЕ: Израел, Канада и Мексико и Конгресната служба за истражување на САД.
Кои се областите на интерес?
Области на интерес за заемни информации и размена на знаења во рамките на ЕЦПИД се:
- информациски и комуникациски технологии; - парламентарни практики и процедури; - парламентарни библиотеки, истражувања и архиви и - макро-економски истражувања.
За секоја област на интерес е назначен посебен координатор.
Каква е структурата на ЕЦПИД?
- двајца директори и Секретаријат на Центарот;
Директорите и членовите на Секретаријатотсе назначени од ПС на СЕ и од Европскиот парламент.
-мрежа на кореспонденти Официјалниот кореспондент го именува генералниот секретар на секој парламент/дом од редот на највисоките парламентарни функционери. Тој има клучна улога за успешно функционирање на ЕЦПИД.
Нивоа на остварување на меѓупарламентарната соработка:
- состаноци на генералните секретари кои се одржуваат за време на европските конференции на претседателите на парламентите; - годишни коференции на кореспондентите ; - состаноци на Извршниот комитет на ЕЦПИД ; - состаноци на Извршниот комитет со координаторите на областите на интерес и - специјализирани семинари на актуелни теми од заеднички интерес, по иницијатива на парламентот-домаќин, а во коорганизација со Центарот.
Европскиот парламент комплетно ја редизајнираше web страницата на ЕЦПИД (www.ecprd.org) Тоа овозможи нови методи на интеракција меѓу членките на ЕЦПИД, во вид на специјализирани области на интереси и форуми за дискусија.
Web страницата на Центарот содржи:
- компаративни барања; - конференции и семинари; - рубликации и студии; - области на интереси и форуми за дискусија; - ЕЦПИД прирачник; - мрежи; - најнови информаци.
|