Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Вторник, 27 јуни 2017 година

Средба на претседателот Џафери со директорката на Директоратот за проширување, надлежен за Западен Балкан на Европската комисија, г-ѓа Геновева Руиз Калавера

На почетокот на средбата г-ѓа Геновева Руиз Калавера изрази задоволство дека при нејзината прва посета на Република Македонија има можност најпрвин да се сретне со претседателот на законодавниот дом, г. Талат Џафери.

повеќе...

Вторник, 27 јуни 2017 година

Средба на претседателот на Собранието Талат Џафери со амбасадорот на Шпанија во Република Македонија г. Рамона Бароа Каранза

Претседателот Џафери се заблагодари на честитките по повод неговиот избор за претседател на Собранието што му ги упати шпанскиот амбасадор, кој патем и му врачи писмо со честитки за неговиот избор директно од претседателот на Парламентот на Кралството Шпанија.

повеќе...

Вторник, 27 јуни 2017 година

Средба на претседателот Џафери со новоименуваниот амбасадор на Јапонија во Република Македонија г-ѓа Кеихо Ханеда

Претседателот Џафери, на почетокот на средбата, го изрази своето задоволство и упати честитки до првиот резидентен амбасадор на Јапонија со седиште во Скопје, Република Македонија, и изрази надеж дека сега ќе се создадат уште подобри услови за продлабочување и интензивирање на соработката на сите полиња. 

повеќе...

Петок, 23 јуни 2017 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА КРАЛСТВОТО НОРВЕШКА, Г. БОРГЕ БРЕНДЕ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со министерот за надворешни работи на Кралството Норвешка, г. Борге Бренде, кој престојува во еднодневна посета на Република Македонија. 

повеќе...

Friday, June 23th 2017

MEETING OF THE PARLIAMENT SPEAKER XHAFERI WITH THE POLISH AMBASSADOR JACEK MULTANOWSKI

The President of the Assembly of Republic of Macedonia, Mr. Talat Xhaferi today had a meeting with the Ambassador of Republic of Poland, Mr. Jacek Multanowski. He congratulated the election of Mr. Xhaferi as President of the Assembly of Republic of Macedonia, and gave positive remarks on the recent developments in the Republic of Macedonia.  

повеќе...

Петок, 23 јуни 2017 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ СО ПОЛСКИОТ АМБАСАДОР МУЛТАНОВСКИ 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, г. Јацек Мултановски. Тој му го честиташе изборот за претседател на Собранието на Република Македонија и му упати позитивни забелешки за последните случувања во Република Македонија.

повеќе...

Среда, 21 јуни 2017 година

Средба на претседателот Џафери со германската амбасадорка Алтхаузер

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери денеска се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија, г-ѓа Кристине Алтхаузер. Упатувајќи честитки до претседателот Џафери за неговиот избор, амбасадорката истакна дека пред новиот собраниски состав стојат многу важни задачи и дека функцијата претседател на Собранието има клучна улога. 

повеќе...

Понеделник, 19 јуни 2017 година, Рига

Средба на претседателот Џафери со американскиот конгресмен Роберт Питинџер 

Во рамките на учеството на Меѓународниот безбедносен форум во Рига, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери денеска оствари средба со г. Роберт Питинџер, американски конгресмен и претседател на Конгресната работна група за тероризам и неконвенционално војување и иницијатор на овој Форум. 

повеќе...

Понеделник, 19 јуни 2017 година, Рига

Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Инара Мурниеце, спикер на Парламентот на Република Латвија

Во рамките на учеството на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, на 8. Меѓународен безбедносен форум во Рига, денеска оствари официјална средба со г-ѓа Инара Мурниеце, спикер на Парламентот на Република Латвија. 

повеќе...

Петок, 16 јуни 2017 година

Претседателот Џафери се сретна со италијанскиот амбасадор Ромео

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Џафери денеска се сретна со амбасадорот на Италија во Република Македонија, г. Карло Ромео. На почетокот на средбата, амбасадорот Ромео му се заблагодари на претседателот Џафери за можноста да разменат мислења и искуства за соработка, и му ја честиташе новата функција воедно истакнувајќи дека една од причините за денешната посета е и да ја врачи честитката упатена од страна на претседателот на Италијанскиот Сенат.

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • ...
  • 14
  •