Неформални групи

Вторник, 17 јули 2018 година

Работен ручек-состанок на Македонското женско лоби со парламентарките

Македонското женско лоби организираше работен ручек-состанок со парламентарките, на тема: „Родови предизвици пред новиот изборен законик”.

На состанокот, кој се одржа во хотелот Best Western, присуствуваа 28 претставнички од сите политички партии.

Се констатираше потребата за промена на изборниот законик во однос на зголемување на позицијата на жената во политиката на локално и национално ниво. За таа цел се формира и работна група составена од 9 члена, која ќе работи на поднесување амадмани за изборниот законик. 

Новиот изборен законик за жените преставува нов предизвик и можност за поголема родова еднаквост на жената во општеството .  

Click