Собрание на Република Северна Македонија

Аплицирајте за стажирање во Германскиот Бундестаг 

“Меѓународната парламентарна стипендија ” (ИПС) на Германскиот Бундестаг за 2017 година ви овозможува можност за стажирање кај пратеник во Германскиот Бундестаг во времетраење од 1 март до 31 јули 2017 година. На овој начин, преку теорија и пракса, имате можност да го запознаете германскиот парламентарен систем. 

Предуслов се одлични познавања на германскиот јазик, како и на германската политика, општество и историја. Апликациите треба да ги доставите до 30 јуни 2016 година во Германската амбасада во Скопје по е-пошта на info@skop.diplo.de, која го врши првиот избор. Избраните кандидати ќе бидат поканети на интервју во Амбасадата пред Комисија од Германскиот Бундестаг. 

Повеќе информации за програмата на следниот линк: http://www.bundestag.de/ips или на www.skop.diplo.de

Click